strumica denes logo

Министерот за земјоделие вели дека денешниот протест во Струмица бил насочен кон трговците и цената, а пласман за зелката имало!

Автор:

Датум:

април 15, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 15, 2022

Категории:

Струмица

Пласман за зелката има, протестот е насочен кон цената и трговците, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според него, инспекторите се на терен со цел максимална заштита на производителите.

-Го следиме откупот, нема простор за загриженост зашто пласман има. Протест е насочен кон цената и трговците. Инспекторатот ги презема сите мерки и контроли, целосно е фокусиран во Струмичко, во градинарскиот регион за да ги заштитиме производителите. Цената не беше 10, туку 20 денари. Обидите на некои од трговците да биде дополнително спуштена веројатно предизвика загриженост кај земјоделците, но ние сме постојано на терен, ги следиме состојбите и ако треба ќе интервенираме, истакна Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток.