strumica denes logo

МИЦКОСКИ: ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ – СТРУМИЦА ГО ДОЧЕКА СВОЈОТ ДЕН!

Автор:

Датум:

октомври 19, 2025

Автор:

Датум:

октомври 19, 2025

Во своето обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, со посебна емоција ја спомна победата на партијата во Струмица, потенцирајќи дека по цели две децении, правдата, вербата и народната волја конечно триумфираа. „После 20 години чекање, дојде и тој ден“, изјави Мицкоски пред присутните, испраќајќи силна порака на единство, надеж и нов почеток.

Мицкоски ја нагласи истрајноста на струмичани, кои во сите овие години останале верни на идеалите за подобра, посилна и почесна Македонија. Според него, оваа победа не е само политички резултат, туку симбол на голема промена, на враќање на достоинството и народната енергија која долго време била потисната.

„Ова не е крај, ова е само почетокот на една нова приказна за Струмица и за Македонија“, порача тој, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи со иста посветеност, чесност и љубов кон татковината.