Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, остро реагираше на најавените реформи во правосудниот систем и најавеното зголемување на платите на судиите и обвинителите. Тој оцени дека во услови кога довербата на граѓаните во судството и обвинителството е на многу ниско ниво, ваквиот потег е нелогичен и апсурден.
„Нема логика во судство и обвинителство со таков рејтинг платите на судиите и обвинителите да им се зголемуваат. Ако судат по закон, јас ќе им ја донирам и мојата, но вака тоа е апсурдно“, изјави Мицкоски, коментирајќи ги најавените реформи во правосудството.
Тој додаде дека, според него, приоритет треба да биде враќањето на довербата во институциите, обезбедување еднаквост пред законот и санкционирање на сите носители на функции кои постапуваат спротивно на законските норми, а не автоматско зголемување на примањата без мерливи резултати во нивната работа.

























