МИЦКОСКИ И АПАСИЕВ ГО ПОВИКАА НАРОДОТ: УТРЕ НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДА ПРОТИВ БУГАРИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА!

јули 1, 2022

Францускиот предлог, којшто Владата првично го одби, за сега да биде прифатлив, ги содржи сите негаторски бугарски барања, оценија Левица и ВМРО-ДПМНЕ а и порачаа дека е потребно категорично отфрлање на предлогот и итен прекин на преговорите со Бугарија! „Го повикуваме македонскиот народ да се приклучи на сенародниот отпор против оваа анти-народна и анти-државна власт“, се вели во партиските соопштенија.

Народот на улица го повикаа и лидерите Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Протестот ќе се одржи утре (сабота) пред владата на Република Македонија во 19:00 часот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ