strumica denes logo

МИЦКОСКИ: Додека сум јас премиер, нема да дозволам ниту еден шатор – Македонија не е депо за мигранти!

Автор:

Датум:

декември 10, 2025

Автор:

Датум:

декември 10, 2025

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги демантираше шпекулациите и пишувањата на одредени британски медиуми дека Македонија би можела да биде дестинација за депортирање на одбиени баратели на азил од Велика Британија. Со јасен став дека „додека тој е премиер, нема да никне ниту еден шатор“, Мицкоски порача дека таква понуда никогаш не била ставена на маса, но и доколку биде, таа ќе биде експресно одбиена, без разлика на евентуалните финансиски надоместоци од Лондон.

Одговарајќи на обвинувањата од опозицијата, премиерот нагласи дека борбата против илегалната миграција е темелна определба на Владата. Во таа насока, тој го најави новиот безбедносен проект наречен „Безбедна држава“. Инспириран од системот „Безбеден град“, овој проект ќе воведе софистициран мониторинг на македонските граници со цел целосно сузбивање на илегалните влезови, шверцот и трговијата со луѓе, позиционирајќи ја Македонија како браник на Европа од илегална миграција.

  • Banner