strumica denes logo

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија

Автор:

Датум:

февруари 4, 2026

Автор:

Датум:

февруари 4, 2026

Денес го одбележуваме денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, човек којшто оставил нераскинлива трага и денес се сеќаваме и исполнуваме на неговото дело коешто го направил и за македонскиот народ, но и за Македонија како држава, но и генерално за сите граѓани.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Неговата борба за независна македонска држава, за држава во срцето на Балканот е епска, за жал прерано го загубил својот живот на 31 година, имал уште многу што да каже доколку преживеал, но за жал не успеал повеќе од 31 година да живее и го положува својот живот повторно со идеалите за македонската држава.

Денес да го спомнеме неговиот лик и дело, да го чествуваме и да го сеќаваме и тоа нека ни биде пример како понатаму треба да ја градиме нашата заедничка татковина Македонија.

  • Banner