strumica denes logo

МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ „ВАНЧО АТАНАСОВ“ – 2025 НА БЕЛАСИЦА!

Автор:

Датум:

март 25, 2025

Автор:

Датум:

март 25, 2025

На ден 6.4.2025 година (недела), ПК „Ентузијаст“-Струмица по дваесет и шести пат ќе го организира меморијалниот марш „Ванчо Атанасов – 2025“ на планината Беласица и Ве поканува да присуствувате на настанот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

ПРОГРАМА:

Недела

– Тргнување во 07:00 ч. од Пошта – Струмица, со организиран превоз до с. Костурино.
– Тргнување од с. Костурино во 08:00 часот .
– Пристигнување на планинарска куќа „Дедо Кољо Муртински“ и ручек во 14:00 ч. обезбеден од организаторот (планинарско гравче). Секој да си понесе прибор за јадење.
– Симнување кон с. Свидовица во 15:00 часот.
– Поаѓање од с. Свидовица за Струмица 18:00 ч., со организиран превоз.

ОПИС НА ПАТЕКАТА

– Се тргнува од с. Костурино од 440 мнв.
– Се продолжува кон с. Орманли, потоа месноста Белешки ливади, па Ќучук чешма и се доаѓа до Споменикот на петте струмички студенти.
– Патеката завршува на Џами Кран (1.160 мнв.), каде се наоѓа и планинарската куќа „Дедо Кољо Муртински“.
Патеката е средно-тешка, а вкупната должина е 22 км или 6 часа одење (3,5 ч. искачување и 2,5 ч. симнување), при што се совладува висинска разлика од 720 м. Извори на вода има на три места по патеката. Попатно се прави и пауза со топол чај.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА

Разгазени гојзерици, кабаница за дожд, резервна облека.

НАПОМЕНА

Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност и лично си одговара за сопствената психо-физичка кондиција. Секој учесник е должен да ги почитува насоките на водичите. Во спротивно, самиот е одговорен за несаканите последици.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ИНФОРМАЦИИ:
Андон 070 344 968
Дејан 070 791 954
Томе 075 301 532