Меѓународна соработка на СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица со училиште од Пожаревац, Србија

мај 9, 2018

 

Во работна посета на средното општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица, деновиве престојуваа директорот, наставници и ученици од средното земјоделско училиште „Соња Маринковиќ“ од Пожаревац, Србија.
На заедничкиот настап во спортската сала на училиштето, директорите на двете училишта ги поздравија гостите, а учениците се претставија со неколку композиции од познати исполнители на забавна и народна музика, од двете држави.
Меѓусебната соработка, за воспоставување повисоки стандарди во наставата и воннаставните активности, е заедничка цел на двете училишта. Споделувањето на искуствата, позитивната пракса и дружењето на наставниците и учениците, допринесоа оваа соработка да продолжи и во иднина. Промоцијата на училиштето на меѓународен план е и промоција на општината, која секогаш ја дава поддршката за интеркултурна комуникација и меѓуучилишна соработка.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ