МЕЃУНАРОДНА МОТО-ШТАФЕТА ЗА ЖЕНИ: НА 3 И 4 АПТИЛ БАЈКЕРКИТЕ ДОАЃААТ И ВО СТРУМИЦА!

март 29, 2019

Сакајќи да „поттикне глобално сестринство од инспиративни жени кои ќе промовираат храброст, авантура, единство и страст за моторциклите од сите страни на светот и да направи нешто што никогаш не било направено“ Hayley Bell е една од основачите на WRWR (Women Riders World Relay) 2019 – мото штафета од глобален карактер во која учествуваат жени-бајкерки. Нејзината цел е да ја покаже моќта зад пазарот за жени во мото спортот.

Штафетата која тргна од Шкотска во февруари 2019 година понатаму патува низ Ирска, Велс, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Андора, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија, Србија, Унгарија, Словачка, Полска и така натаму, се до враќањето на штафетата во Велика Британија во јануари/февруари 2020 година.

WRWR низ нашата држава ќе помине на 3-ти и 4-ти Април 2019 година. Првиот ден ќе се вози траса Струга – Струмица, а вториот ден траса Струмица – Скопје.

Штафетата ќе биде пречекана од страна на Македонските бајкерки на Албанската граница на граничниот премин Ќафасан и ќе се вози по веќе дефинираните траси. На 4-ти Април штафетата пристигнува во Скопје а на 6-ти Април ќе биде предадена на бајкерките од Србија на граничниот премин Блаце.

Овој настан е подржан од повеќе Мото клубови во државата.

Апликациите се отворени до четврток 28-ми Март. Бајкерките кои би сакале да учествуваат а сеуште не се регистрирани може да го сторат тоа на: https://womenridersworldrelay.com/routes/

Мажите се повеќе од добредојдени да учествуваат во овој настан, како поддршка и придружба.

WRWR моментално има над 15.000 членови во 120 земји низ целиот Свет, а бројот секојдневно расте.

За повеќе информации Македонските Бајкерки може да ги контактирате на фб страницата: WRWR_macedonia.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ