Во текот на изминатите дванаесет години „Матурската парада“ од идеја прерасна во традиционална манифестација за одбележување на еден од најзначајните настани за младите луѓе, кога детските години ги заменуваат со полнолетство, заокружуваат еден дел од своето образование и започнуваат остварување на нивните животни соништа.
Така и оваа година матурантите од Република Северна Македонија истовремено со врсници од 60 градови од Југоисточна Европа, ќе го танцуваат Штраусовиот квадрил, истовремено испраќајќи порака за борба против насилството, за меѓусебна комуникација и толеранција.
Од Одделението за образование во општина Струмица ги известуваат граѓаните дека на ден 17.05.2019 година (петок), со почеток во 12 часот на градскиот плоштад „Гоце Делчев“, матурантите од средните општински училишта „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“, ќе бидат дел од учесниците во проектот – Матурска парада 2019 година, најголемиот синхронизиран танц на светот за Гинисов рекорд.
Општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски и оваа година се покровители на оваа манифестација и обезбедуваат се што е потребно за нејзина реализација.
Матурантите од средните училишта в петок ќе го танцуваат Штраусовиот квадрил!
SYNOTTIP казино вработува девојки и момчиња за работа со или без работно искуство во Струмица и Муртино. Платен превоз и…
АД ГРОЗД - СТРУМИЦА бара работници за во производтствена линија. По завршената обука и запознавање со технолошкиот процес, следува одлична…
Патријарх Александриски. Роден е на островот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите…
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.…
За време на Студената војна, американската Централна разузнавачка агенција спроведе неверојатни експерименти кои го надминаа вообичаеното разбирање на науката. Еден…
Понудите за работа од компанијата на Илон Маск се достапни на официјалната веб-страница на компанијата, каде што нудат плата од…