Малолетен ученик од Чаир вперил играчка пиштол кон ученици!

мај 6, 2023

Малолетен ученик вчера во основно училиште во Чаир извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, по што и го предал на директорката на училиштето, потврдиле од МВР за МИА.

-Во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, вчера на пладне полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа, наведуваат од МВР.

Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници, како и Центарот за социјални работи за натамошно постапување.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ