Дечињата од детската градинка „Детска Радост“ од Струмица беа дел од хуманитарната акција „Топол оброк за сите“, која ја реализира Фондација Елеуса, при што со искрени насмевки и топлина ја поделија храната на оние на кои им е најпотребна.
Оваа иницијатива претставува значајна можност најмладите уште од најрана возраст да ги усвојат вистинските вредности, човекољубие, грижа за заедницата, сочувствителност и подготвеност да се подаде рака на секој што има потреба.
Преку ваквите активности, децата учат што значи да се споделува, да се прифаќа различноста и активно да се придонесува за подобро општество.
Во рамки на посетата, дечињата го посетија и храмот „Свети Димитриј Мироточив и Свети Григориј Палама“ во Струмица, каде со почит се поклонија пред иконата на Богородица Брзопослушница, изразувајќи духовна поврзаност и благодарност.
Со вакви мали, но длабоко значајни чекори, најмладите струмичани испраќаат силна порака, дека добрината и хуманоста немаат возраст, туку се учат и живеат од најмали нозе.




























