Македонците возат автомобили од над 300 илјади евра!

август 10, 2023

Нема официјални податоци за тоа колку луксузни возила се возат во државата, но познавачите на пазарот велат дека таа бројка не е за занемарување. Во државата има два автомобили „бентли“, повеќе „поршеа“, неколку автомобили „ролс ројс“ и „ферари“, повеќе скапи БМВ, мерцедеси, „ренџ ровер“ кој чини над 200 илјади евра, „астон мартинс…Вредноста на овие автомобили се движи од 300 илјади евра па нагоре. Меѓу најскапите автомобили кои се возат на македонските патишта се „ролс ројс“ кои чинат над 300 илјади евра, а тука некаде се „ферари“, кои чинат над 250 илјади евра.

Што се однесува до автомобилите од марката „Бентли“ и покрај тоа што многумина сметаат дека нивната цена е астрономска, сепак на пазарот може да се најдат и по цена од 180 илјади евра, но и таа не е за џебот на просечниот македонски граѓанин!

Според официјалните податоци од Царинска управа од почетокот на годината до крајот на јули во државата увезени се 5.845 нови и 17.275 користени автомобили.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ