strumica denes logo

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СЕ САМООРГАНИЗИРА – УШТЕ ОД 3 ФЕВРУАРИ ЌЕ СЕ ЧУВА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

Автор:

Датум:

јануари 24, 2023

Автор:

Датум:

јануари 24, 2023

Народот се самоорганизира по 16 часот на 3-ти февруари со преноќување во црквата Св.Спас да го штити гробот на Гоце.

АПЕЛ ЗА МАСОВНО ПРИСУСТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ НА ГРОБОТ НА ВЕЛИКАНОТ НА МАКЕДОНСКОТО РЕВОЛУЦИОНЕРНО ДВИЖЕЊЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО МПЦ “СВЕТИ СПАС“ НА 4 ФЕВРУАРИ!

22 јануари 2023 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осудува милитантните најави, со закани за физички пресметки и ликвидации “Ќе дојдеме илјадници, кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката!“ упатени од бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на таканаречената фондација “Македонија“ од Бугарија, заради масовна прослава на 151-годишнина од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, на 4 февруари, во македонската православна црква “Свети Спас“ во 12 часот, со обезбеден превоз во автобуси и возила од Софија.

СМК апелира на масовно присуство на Македонците на 4 февруари во македонската православна црква “Свети Спас“. Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва панихида ќе одржи во 9.00 часот, а полагањето на цвеќе ќе започне после панихидата.
СМК ги поддржува сите Македонци кои околу македонската православна црква “Свети Спас“ до Калето ќе се собираат од 3 февруари!

Поради најави за нарушување на јавниот ред и мир, СМК бара МВР да ги преземе сите мерки до забрана за влез во Македонија на организаторите – бугарската фондација “Македонија“, имајќи предвид дека Виктор Стојанов јавно се фали по социјалните мрежи дека во Скопје организирал воена обука, дека дава по 30 евра на деца во Македонија да учат бугарски јазик, литература и историја на он-лајн училишта, дека низ Скопје негови членови залепиле 10.000 налепници на кои пишува дека сме биле еден народ со Бугарите, дека упатуваше закани за физичка ликвидација на претседателката на комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Фондацијата “Македонија“ е основана во април 2021 година, како што е објавено на официјалната страница, од Бугари во Бугарија, Македонија и Албанија, со цел “населението во Бугарија и Македонија да биде едно општество во две држави“!

Со цел заштита на достоинството и суверенитетот на Македонскиот народ и државата Македонија, СМК бара Македонската Влада да ги прогласи за персона нон грата и им забрани влез во државата Македонија на Виктор Стојанов претседател на нео-фашистичката фондација “Македонија“, Милен Врабески претседател на антимакедонската фондација “Бугарска памет“, Костадин Костадинов претседател на нео-фашистичката партија “Преродба“ и пратеник во Народното собрание на Бугарија, Ангел Џамбаски европратеник и потпретседател на нео-фашистичката партија ВМРО-БНД, Красимир Кракачанов претседател на антимакедонската партија ВМРО-БНД, и Андреј Ковачев европратеник на ГЕРБ!