strumica denes logo

МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКА ИМА ИДНИНА СО МЛАДАТА ТАЛЕНТИРАНА СТРУМИЧАНКА ВАЊА БАБУЛОВ!

Автор:

Датум:

јуни 4, 2025

Автор:

Датум:

јуни 4, 2025

Женската одбојка е во голем подем, допрва доаѓаат млади имиња кои треба да блеснат во репрезентативниот дрес. Еден од најголемите таленти е 12-годишната Вања Бабулов од Струмица.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Таа e најмлада одбојкарка на првиот состав на Наковски Волеј, екипа која стана шампион во пионерска конкуренција за сезоната 2024/2025.

„Голема чест и одговорност е да се биде дел од првиот состав, но имав огромна поддршка од соиграчките и тренерите, па заедно стигнавме до врвот. Тоа е заеднички успех на сите нас“, вели Вања, која љубовта кон одбојката ја наследила од своето семејство.

Бабулов првите чекори во овој спорт ги направила на шест години, а со правилна поддршката и максимална ангажираност секој предизвик полесно се совладува. Таа вложува во својата иднина, покрај редовните тренинзи оди на познатиот на одбојкарскиот камп „Дејан Брџовиќ“ во Србија.

„Од девет години секое лето одам на одбојкарскиот камп „Дејан Брџовиќ“ во Србија. Таму учам нови техники, тренирам со деца од различни земји и работам со врвни тренери. Секое лето таму ми дава нова енергија и мотивација“.

За еден млад спортист секогаш е важна средината во која созрева и учи.

„Моето семејство – секогаш се тука за мене. Потоа мојот клуб Наковски Волеј, каде што се тренира со многу внимание и љубов. Исто така, моите соиграчки – тие се не само мои спортски колешки, туку и мои другарки. Одбојката е колективен спорт и ништо не би било можно без нив“.

Желбата на Вања е еден ден да игра за македонската репрезентација и во некој голем европски клуб.