Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД и ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, на социјалните мрежи објави дека имал средба со познатиот американски новинар Такер Карлсон.
– Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Tucker Carlson. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот. Го поканив да ја посети нашата земја, објави Мицкоски на својот профил на Фејсбук.