Македонија ја одбила Украина за нова воена помош!

декември 28, 2023

Откако два пати Македонија донираше воена опрема на Украина во борбата против агресијата до Русија, третиот пат нашата држава нема да може да им помогне на Украинците.

Како што соопшти министерката Славјанка Петровска на брифингот со новинарите, Украина испратила ново барање за помош во воена опрема. Со оглед на тоа дека овие информации се класифицирани, засега не е познато што точно побарале Украинците. Сепак, министерката за одбрана вели дека овој пат Македонија не може да помогне, бидејќи побараната опрева во моментов е потребна на македонската која во моменов ја користи таа опрема.

Претходно Македонија донираше на Украина тенкови, хеликоптери, муниција, но и авионите Сухои, кои не беа оперативни. Поголемиот дел од таа опрема која претходно беше донирана е застарена и не се користеше во оперативниот дел на македонската армија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ