strumica denes logo

МАКЕДОНИЈА ИМА КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО: За првпат е извршена операција на мозок со свесен пациент!

Автор:

Датум:

декември 24, 2023

Автор:

Датум:

декември 24, 2023

За првпат во нашата земја е направена операција на мозок со свесен пациент. Ове денес на Фејсбук го објави Венко Филипче, неврохирург и поранешен министер за здравство, кој го водеше тимот кој ја спроведе операцијата.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„За прв пат во историјата на неврохирургијата во нашата држава, направивме awake brain surgery. Операцијата ја изведовме кај млада пациентка која имаше тумор блиску до центрите за говор и движење на десната рака и нога“, напиша Филипче.

Тој објаснува дека предноста на аwake brain surgery е поради неопходната соработка која хирургот ја има со пациентот додека трае операцијата.

За да се отстрани максимална количина на тумор без да се оштетат центрите за говор и движење хирургот комуницира со пациентот. Мозочното ткиво не содржи рецептори за болка, па самиот тек на операцијата е безболен.

„Кај нашата млада пациентка операцијата помина одлично. Туморот е изваден до максималните можни граници и пациентката се чувствува добро“, нагласи Филипче.

„Им честитам на тимот анестезиолози предводен од д-р Весна Дурнев и упатувам благодарност до колегата д-р Игор Лазиќ од Клиниката за неврохирургија во Белград. Драго ми е што моите млади колеги имаа голем интерес и желба да бидат повторно мој верен тим во операционата сала“, вели Филипче.