Се постигна договор за изградба на заедничкиот прекуграничен тунел меѓу Македонија и Бугарија, а од бугарска страна веќе започнаа активности на железничкиот Коридор 8. Националната компанија за железничка инфраструктура во Бугарија објави тендер за изградба на отсечката од Ѓуешево до границата и за модернизација на дел од пругата од Перник до Радомир.
Министерот Александар Николоски информира дека двете земји се во завршна фаза на преговори за договорот, кој ќе се финансира со грант од Европската унија. Македонија ја гради својата делница од Крива Паланка кон границата, додека се планира и продолжување кон Албанија, во координација со тамошната влада.
Николоски го истакнува и значењето на проектот за брза пруга на Коридор 10, кој според него, ќе донесе големи економски промени и е поддржан од врвни меѓународни финансиски институции.