strumica denes logo

МАКЕДОН ГО ВИОРЕШЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО БУГАРИЈА: УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАТЕМАТИЧКИ ТУРНИРИ!

Автор:

Датум:

јули 2, 2025

Автор:

Датум:

јули 2, 2025

Во бугарскиот град Несебар денеска завршија два престижни меѓународни математички турнири – „Математика без граници“ и турнирот по алгебра „Лодовико Ферари“, на кои учествуваа натпреварувачи од 42 земји, вкупно 875 учесници.

Голема гордост за Македонија претставува младиот математичар Македон, кој постигна извонреден успех и уште еднаш го прослави името на својата татковина. Македон го виореше македонското знаме во Бугарија, освојувајќи неколку значајни награди:

Математичка ѕвезда на турнирот
Пехар III место – Купот на Математика без граници
Сребрен медал по алгебра
Бронзен медал на основниот турнир

Овој голем успех претставува резултат на посветеноста, трудот и љубовта кон математиката. Македон покажа дека македонските ученици можат рамноправно да се натпреваруваат со врсниците од целиот свет и да постигнуваат врвни резултати.

Македонија има со што да се гордее, браво Македон!