Душка е мајка на девојчката чии органи спасија повеќе животи. Таа ќе биде една од вработените во канцеларијата на премиерот во Струмица преку која, велат од владината прес-служба, граѓаните ќе може да ги адресираат своите прашања, проблеми и предлози, а ќе може да закажат и средба со Заев
Премиерот Зоран Заев, денеска во неговата родна Струмица, отвори канцеларија за контакт со граѓаните, информираа од владината прес-служба.
Од Владата велат дека канцеларијата ќе служи како уште една алатка за комуникацијата со граѓаните, а меѓу вработените во неа е и Душка Белчовска, мајката на девојката Верица која загина во сообраќајна несреќа, а чии органи спасија повеќе животи откако нејзиното семејство ги донираше срцето, органите и коскеното ткиво.
ИЗВОР: 360 СТЕПЕНИ