МАЕСТРО МИТКО ТОШЕВ ПОВТОРНО ИЗНЕНАДУВА: РАФАЕЛ НАДАЛ ВООДУШЕВЕН ОД ПОТРЕТОТ КОЈ ГО ИЗРАБОТИ СТРУМИЧКИОТ УМЕТНИК!

октомври 17, 2019

Еден и единствен! Маестро Митко Тошев овојпат со својот талент го воодушеви еден од најдобрите тенисери на сите времиња Рафаел Надал.

„Знај добро секој труд, пот, напорна работа еден ден ќе се исплати ! Ми беше огромна чест и задоволство да го изработам портретот на еден од најдобрите тенисери на сите времиња Рафаел Надал, а уште поголема возбуда и радост што Надал се фотографираше со моето уметничко дело, благодарение на Amàlia Riera Events Manager. Делото ќе го краси Спортскиот центар и музеј на Рафаел Надал во Малорка-Шпанија.“ – напиша тој.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ