М-Р ВИКТОР БАЏУКОВ: КОВИД – 19 ПРИЧИНА ЗА НЕРЕДОВНА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ!

март 30, 2021

М-р Виктор Баџуков за Струмица Денес:

По една година од пандемијата на корона вирусот, очекувани се несогледливи последици за физичкото и за менталното здравје на граѓаните. Забавувањето на животните навики и неможноста за редовно вежбање во наредните години ќе резултираат со зголемување на дебелината и другите болести. Деновите пред вас се идеални за враќање на редовната физичка активност.

Годинава која ни предстои е година во која треба итна мобилизација на индивудуален план. Не треба да чекаме соодветните институции во државата кои треба да се грижат за нашето физичко и ментално здравје да не едуцираат или организираат преку систем за да ја надминеме оваа несакана состојба која сите нас не погодува. Таквите институции веке подолг период летаргично се сведоци на бурата која не зафатила.

Податоците од различни студии за време на пандемијата покажуваат колку е важно да се биде физички активен. Потребна е мотивација на граѓаните на сите возрасти со цел да се превенира понатамошниот негативен развој на настаните како последица на “пандемијата”. Превенција во смисла на активација на нашиот локомоторен систем преточен во физичка вежба за заштита на нашето ментално и физичко здравје. Разбирливо, секој со своите можности и капацитети: пешачење,поттрчување,планинарење,возење велосипед,спортски игри,прошетки во природа.

Улогата на родителот во таа сложена состојба е од огромно значење.Тој треба да биде мотиваторот на своите деца активирајки ги физички со личен пример. Сега можеме да ја согледаме личната култура за спорт и рекреација и нејзината непроценлива вредност. Активноста треба да не биде изнудена од состојбата со пандемијата, туку создадена навика произведена од системот на образование, спорт и рекреација. Во тој случај ке ја постигнеме целта.

Изминатиот повекемесечен период го перцепираме како лош период од повеке аспекти, но мора да констатираме дека тоа ни овозможи да го отвориме својот ум и да ја разбереме суштината за потреба од наше физичко и ментално здравје.

М-р Виктор Баџуков

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ