М-Р ВИКТОР БАЏУКОВ: АЕРОБНАТА АКТИВНОСТ НИ Е ПОТРЕБНА НА СИТЕ!

мај 8, 2019

Пишува М-Р Виктор Баџуков:

Aeroben trening

Намаленото движење или таканаречената хипокинеза кај луѓето предизвикува многу проблеми врз постуралниот и психосоматскиот статус. Работата поврзана со компјутер, со канцеларија, одморот во фотеља пред телевизор доведува до тотална физичка неактивност. По извесен период на пасивност во животот почнуваме да уживаме во состојба на опуштеност и привидна благосостојба која ја надополнуваме со добра храна и пијалоци. Крајниот резултат е вишок на килограми кој носи редица здравствени проблеми, / болки во грбот, во колената, на стапалата, покачен крвен притисок, повремена срцева тахикардија и редица други несакани здравствени манифестации кои стануваат се понепријатни за нас/ кои може и животно да не загрозат.

Затоа треба што порано да ја разбереме потребата и значењето на физичката активност во периодот после 40-тата година од животот.Секој изминат ден, месец, година ке претставуваат премногу изгубено време за организирање на здрав начин на живот кој треба да биде во функција на олеснување на работните и животните активности на секој човек. Затоа, моја препорака е“аеробен тренинг”

ШТО е аеробна активност?

-Тоа е изведување на ритмички движења да се покачи срцевата фрекфенција и дишењето во одреден временски период, а притоа да се користат големи мускулни групи. Тоа е физичка активност која го покачува пулсот на срцето од 50 % до 90 % од максималниот, а организмот постигнува стабилна рамнотежа помеѓу потребите за кислород и внес на истиот. Ако за потребите на мускулите се користи енергија произведена со помош на кислород, тогаш зборуваме за енергија која потекнува од аеробни извори. Зависно од целта која сакаме да ја постигнеме препорака е активност во зона 2. Тоа значи дека пулсот треба да се движи 60%-70% од максималниот. Таа зона 2 е зона каде имаме најголем ефект врз намалување на баластно масно ткиво / и лош холестерол , триглицириди /

Физичката активност може да биде прилагодена кон Вашите можности. Имате избор: одење-брзо одење, лесно поттрчување, возење велосипед, пливање, аеробик, планинарење и др.
Влијанието од аеробниот тренинг носи физиолошки промени на кардио-васкуларниот систем /срцето, артериите и вените, плуќата, мускулите /
Тоа значи поголема сила на срцевата контракција, намален пулс во мирување, намален ризик од срцев удар, подобар транспорт на кислород.
За плуќата имаме дополнителни бенефити: поголем дотек на крв и поголем функционален капацитет и витален капацитет / капацитет на дишење /
Ефектите на мускулот ке бидат видливи. Ке се подигне мускулниот тонус, ке се намали мускулниот замор. Со тоа ке се подобри и општиот изглед на телото.
Препораките на меѓународните здравствени организации но и на Светската здравствена организација се физичка активност во времетраење минимум 150 минути неделно. Добро е таа активност да биде правилно распоредена во текот на седмицата во интервал 3-5 пати.

Се прашувате за резултати?

Целта која сакате да ја постигнете зависи од вашата одговорност, посветеност но и желбата за успех. Првите видливи резултати кои ке ве охрабрат и кои ке ја оправдат вашата упорност се после 4 месеци. Гарантираниот успех е 4-6 месеци физичка активност која ке ве однесе во психо-физичка кондиција која ке Ви даде нов квалитет на вашето живеење.
м-р Виктор Баџуков

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ