strumica denes logo

М-Р МАРЈАН ДИМИТРИЕВ СО СОВЕТИ КАКО УЧЕНИЦИТЕ ПРАВИЛНО ДА ГИ НОСАТ УЧИЛИШНИТЕ РАНЦИ!

Автор:

Датум:

септември 4, 2023

Автор:

Датум:

септември 4, 2023

Со почетокот на школската година децата почнуваат да носат доста книги и прибор во својот школски ранец.

Неправилното носење на школскиот ранец води до нарушување на статиката, односно правилното телесно држење, а со тоа и до појава на деформитети, болки и повреди.

Затоа е многу важно да се следат овие неколку совети за правилно носење на школскиот ранец:

1. Ранецот треба да се носи на двете рамења.

Погрижете се двата ремени да имаат еднаква должина за да бидете сигурни дека тежината на ранецот е рамномерно распоредена.

▪︎ Доколку се носи само на едното рамо, телото го губи балансот и се адаптира односно искривува странично доведувајќи до најчестиот деформитет Сколиоза.

Освен сколиозата се појавуваат и болки во грбот, вратот и рамењата.

2. Ранецот треба да седи виско и блиску до телото.

Затегнете ги убаво ремените на ранецот додека не се прицврсти убаво и високо на грбот.

▪︎ Кога ранецот седи премногу ниско и предалеку од вашето тело мора да се наведнете напред за да го надоместите товарот доведувајќи до деформитетот Кифоза.

▪︎ Освен кифозата, бидејќи треба да ги држите очите адаптирани на хоризонтот и правилно да го гледате Светот пред себе, ја подигнувате главата нагоре, а оваа позиција на главата многу го оптоварува вратот и горниот дел од грбот со што се појавуваат болки во истите.

3. Ранецот не треба да биде поголем од грбот.

Оваа е особено важно за децата чии рбети се уште растат, но и за повозрасните.

4. Измерете ја тежината на ранецот

Децата не треба да носат повеќе од 10 % до 15 % од нивната телесна тежина во својот ранец.
Доколку сте во можност подесете ја тежината, а доколку не, купете ранец кој има додатен ремен за половината.
Со ова ќе успеете да се распредели товарот и да се оттргне целата тежина од рамењата.

5. Распределете ја тежината правилно

Потешките предмети ставете ги поблиску до грбот, а полесните подалеку однадвор, така ќе обезбедите повеќе стабилност. Исто така подесете ја тежината од двете страни рамномерно.

▪︎ Доколку веќе имате забележано неправилно носење на школскиот ранец кај вашето дете и неправилно држење на неговото тело, закажете преглед во Едем Велнес Центар на 📞 072 229 299