strumica denes logo

М-Р МАРЈАН ДИМИТРИЕВ: КОИ ОБУВКИ СЕ НАЈЗДРАВИ ЗА ДЕТСКОТО СТАПАЛО? ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ВО ОБЈАВАТА!

Автор:

Датум:

октомври 1, 2023

Автор:

Датум:

октомври 1, 2023

Најновите истражувања на експертите за стапала и педијатрите укажуваат дека најздрави обувки за децата се новиот концепт на изработка наречен “barefoot” (боси стапала). Обувки кои им дават слобода на стапалата, се чувствувате како да одите боси, но сепак заштитени. Со користење на Barefoot обувки, освен што стапалата се поздрави и посилни, се подобрува и целото телесно држење.

Носењето на несоодветни обувки во детството лошо влијае на правилниот развој на стапалото како и на целокупното здравје на детето.

Обичните обувки на познатите фирми како Најк, Адидас, Пума и сите останати ја ограничуваат слободата на стапалата: премногу се тесни кај прстите, имаат крут и висок ѓон, најчести се високо подигнати кај петата.

Со тоа децата се изложени на ризик да развијат некој деформитет како: спуштени стапала, премногу високи стапала, hallux valgus (искривување на палецот), канџесто стапало и т.н.

Новиот начин на производство познат како barefoot (боси стапала) е најздрав начин за производство на обувки, а клучни карактеристики на истите се следниве:

• Анатомски обликуван широк простор кај прстите.

Обувката има доволно простор за големиот палец за да не се турка во насока на другите прсти. Палецот е слободен и служи како стабилизатор на стапалото, а при одење го зајакнува и внатрешниот свод. Оваа слобода на прстите го заштитува стапалото од развивање на hallux valgus деформитет, односно искривување на палецот.

• Тенок и флексибилен ѓон во секоја насока.

Благодарение на ваквиот ѓон стапалото и прстите имат целосен опсег на движење и целото стапало ја чувствува површината на која одиме. Како и секоја друга мускулна група во телото, мускулите на нашите стапала имаат потреба од активно ангажирање, вежбање, истегнување, за да можат правилно да ја исполнат својата функција: Да бидат темел на целиот мускулно- скелетен систем.

• Без подигната пета и подигнат палец (нулта пад).

Центарот на гравитација е на точната позиција, а со тоа се остварува правилно телесно држење. За споредба, обичните обувки имат подигната пета, центарот на гравитација се менува напред, а со тоа телото и карлицата компензираат и се создава лошо држење и деформитети како: кифоза, лордоза и сколиоза. Со нарушување на центарот на гравитација се нарушува и нормалното функционирање на дијафрагмата, а тоа предизвикува и проблеми во дишењето.

• Без премногу подигнат дел за внатрешниот свод.

Внатрешниот свод на овој начин може да добие сила и да работи сам по себе.

Кога бираме обувки треба да ги имаме на ум овие карактеристики на “barefoot” (боси стапала) обувките кои им даваат здравје на стапалата на децата.

Да не одбираме обувки кои се само модерни и лични, за сметка на здравјето на децата.

Доколку вашите деца имат некаков деформитет или се сомневате во можен деформитет, може да направите преглед во нашиот Едем Велнес Центар 072 229 299, а доколку сакате да почнете со користење на берфут обувки, нарачајте од нашата веб продавница https://zdravistapala.mk/ или некоја од нашите специјализирани страни на социјалните мрежи фејсбук или инстаграм со назив Zdravi Stapala.