Владимир Ристов, советник во Советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ВИДЕО: https://www.facebook.com/vladimir.ristov.mk/videos/762289711936005
Изминатата буџетска година е една од послабите реализации на буџетот на Општина Струмица, слаба реализација на капиталните инвестиции, јавните претпријатија во загуба.
На 21 седница на советот напоменавме дека:
Капиталните проекти планирани од градоначалникот Костадинов се едвај на половина од реализацијата.
Комуналец годинава со отпишан долг од Водостопанство од 84 милиони денари, има фиктивна нереална добивка од 800 илјади!
Струмица Гас работи со загуба, субвенциите за гас се со искористеност од 55%. За гасификацијата се потрошија милиони евра, без стратегија за приклучоци.
Секој 3 месеци Костадинов ,,отвара” јавен превоз, за кој конкретно ниту има идеја ниту визија, а ги одбива предлозите за јавен превоз од ВМРО-ДПМНЕ. Доколку ги прифатеше Струмица ќе имаше јавен превоз од октомври 2022.