Голем успех за еден млад ученик и неговото училиште. Министерството за образование и наука (МОН) го објави резултатот од државниот конкурс за најдобар есеј по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен, а првото место во конкуренција од 323 творби од целата држава му припадна на Лука Стојановиќ од Колешино, ученик во ООУ „Видое Подгорец” Колешино.
Овој голем успех е потврда за талентот, трудот и посветеноста на Лука, но и на неговиот ментор, професорката Атина Манчева, која го водела низ целиот творечки процес.
Од училиштето велат дека ова признание е гордост не само за Лука и неговата менторка, туку и за целата наставна заедница и учениците. Тие упатија искрени честитки и благодарност за доследната афирмација на македонскиот јазик и писменост.
Овој успех е мотив повеќе за младите генерации да го негуваат и почитуваат македонскиот јазик., столбот на идентитетот и културата.