strumica denes logo

ЉУБОВТА КАКО НАЈСИЛЕН ЗВУК: ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО СТРУМИЦА КОЈ ОБЕДИНУВА!

Автор:

Датум:

мај 14, 2025

Автор:

Датум:

мај 14, 2025

На 28 мај 2025 година, во 20:00 часот, на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, ќе се одржи хуманитарен концерт кој, иако поразличен од сите досега, ќе говори погласно од било која мелодија. За првпат, музиката нема да биде гласна. Ќе биде тивка, но длабока, како потсетник, како повик, како заедништво.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Овој концерт не е само културен настан, тој е симбол на љубовта што не згаснува, на спомените што живеат во секој тон, и на луѓето кои, иако повеќе не се со нас, продолжуваат да пулсираат во нашите срца. Нема последни зборови кога музиката сведочи за нечие постоење. Нема крај кога љубовта се претвора во најсилната нота.

Настанот е организиран со една единствена цел, да се обединиме во добрината, тагата, сеќавањата и надежта. Да погледнеме кон небото и да се насмевнеме, знаејќи дека љубовта е таа што нè држи заедно, дури и тогаш кога е најтешко.

Публиката нема да биде само слушател, таа ќе биде сведок на еден поинаков начин на сеќавање. Концертот е наменет за сите чии срца сè уште чукаат за некого што го нема и за сите што веруваат дека секоја нота може да биде молитва, секој поглед кон небото, прегратка.

Ве очекуваме на 28 мај, во 20:00 часот, на Плоштад „Гоце Делчев“. Да бидеме заедно, да се сетиме, и да ја славиме љубовта што не згаснува.