strumica denes logo

Ловното друштво „Беласица“-Струмица ја продолжи традицијата: Паричката кај Наце Хаџистојанов!

Автор:

Датум:

јануари 13, 2026

Автор:

Датум:

јануари 13, 2026

Денес, во духот на вековната традиција, Ловното друштво Беласица Струмица го одбележа обичајот на кршење на лебчето со паричка — симболичен чин што ги обединува членовите и потсетува на вредностите кои друштвото ги негува со децении.

Настанот помина во знакот на заедништвото, пријателските разговори и искрената дружба, со почит кон традицијата и со надеж за нови заеднички ловни и животни мигови. Во ваква атмосфера, се потврди уште еднаш силната врска меѓу членовите и континуитетот што го гради друштвото низ годините.

Среќата оваа година му се насмевна на Наце Хаџистојанов, кај кого се падна паричката. Тој цели 40 години бил активен ловец и секретар на друштвото, а денес, како пензионер и почесен член, останува препознатлив симбол на посветеност, континуитет и љубов кон ловството. Честа што му припадна претставува скромно, но искрено признание за значајниот придонес што го остави зад себе.

  • Banner