ЉУБИЦА СПАСОВА: СТРУМИЦА ДОБИВА НОВ МАМОГРАФ!

јули 4, 2022

Љубица Спасова, пратеник во Собранието на Република Македонија од СДСМ:

Почитувани пријатели,
со нескриена радост сакам јавно да се заблагодарам на Министерството за финансии и Комисијата за финансирање и буџет и Законодавната правна комисија за прифаќањето на амандманот за набавка на нов МАМОГРАФ.
Сега немаме пречки и сме на чекор на набавка на нов современ апарат за рентгенско снимање на дојката!

Со тоа ќе продолжи успешната приказна во која Струмица беше лидер во земјата за превенција и рано откривање на болеста што директно значи и спасување живот!

Приказната за успешниот тим од лекари и технолози кои беа директно обучувани од светски познатиот др Хирш од Охајо универзитетот од САД беше прекината со расипувањето на мамографот на кој петнаесетина години се направија стотина илјади прегледи од целиот Југоисточен регион на државата!

Материјалните средства за набавка на апаратот се ништовни во споредба и со само еден спасен човечки живот а убедена сум дека многу животни приказни со лош почеток благодарение на рестартирањето на работата на мамографот во Струмица ќе завршиваат со среќен епилог!

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ