АНИМА ЛОВЕРС – СТРУМИЦА:
Општина Струмица и Костадин Костадинов, до кога проблемите ќе ги решаваме на овој примитивен начин со труење на кучињата?
Кога ќе се направи соодветно живеење на патките во паркот?
Пред две години беа убиени 20тина патки поради тоа што беа оставени без вода во езерцето, пред една недела исто сценарио, очигледно на кучињата им станало интересно да ги ловат и вчера повторно убиени новите 20 патки од кучињата во паркот.
Вие кои веќе го читате ова и сакате да коментирате да ги отруеме кучињата, без грижа, денес, веднаш се изврши и одмазда врз кучињата и 11 од нив се отруени!
До кога ќе купува Општината патки кои нема кој да ги заштити?
Сте прочитале ли како се чуваат патки на отворено езеро за да се заштитат од предатори? – Очигледно НЕ!
А, проблемот со кучињата само ние ќе продолжиме да го решаваме без никаква помош од Ваша страна?
Стационарот е тема на муабет веќе со години и никаква реализација до денешен ден, до кога да чекаме, луѓе ни пишуваат секој ден за помош за стерилизации на маалски миленици и ни пријавуваат кучки кои се парат??!
До кога ќе оставате волонтери да решаваат децениски проблеми без никаква подршка и до кога ќе се снаоѓаме сами како да плаќаме стерилизации на по 200 кучиња годишно за да се намали бројката во градот??
Денес 11 умрени, утре 20 ќе се родат, треба реакција ВЕДНАШ, не можеме повеќе да чекаме, ниту ние, ниту граѓаните!