ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА ЕДНО ЛИЦЕ ОД СТРУМИЦА – КРАДЕЛ ПАРИ ОД АПАРАТИ ЗА КАФЕ, ИЗВРШИЛ ВКУПНО ЧЕТИРИ КРИВИЧНИ ДЕЛА!

јуни 9, 2023

На 08.06.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.П.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека ноќта на 30/31.05.2023 извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во автомобил и апарати за кафе на подрачјето на Струмица, при што одзел пари и други предмети.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од предметите и алат кој го употребувал при вршење на делата. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ФОТО: ИНТЕРНЕТ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ