strumica denes logo

Ленче Серафимова именувана за помошник директор во СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица!

Автор:

Датум:

јануари 14, 2026

Автор:

Датум:

јануари 14, 2026

Ленче Серафимова е именувана за помошник директор во СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, со што ѝ е укажана доверба за понатамошно унапредување на воспитно-образовниот процес и институционалниот развој на училиштето.

Серафимова е дипломиран биотехнолог од областа на прехранбеното инженерство и професорка која за релативно краток временски период успешно се интегрира во работата на СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица. Во досегашната работа реализирала бројни активности и учествувала на повеќе натпревари, со што дала значаен придонес во афирмацијата на училиштето и напредокот на учениците.

Таа се одликува со високо ниво на посветеност, одговорност и професионалност, како и со способност за брзо усвојување и примена на нови знаења. Секогаш подготвена да преземе работни обврски, Серафимова ужива почит и доверба кај учениците и колегите, што претставува цврста основа за успешно извршување на новата функција.

Со ова именување, СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица добива кадар со јасна визија, ентузијазам и современ пристап во образованието.

  • Banner