КРСТЕ ДИМЧЕВ: Од децата треба да градиме личности кои ќе можат да се грижат прво за себе, а потоа за другите!

февруари 12, 2023

Крсте Димчев, студент на психологија на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“

Луѓето порано создавале потомство помлади отколку во денешно време. Порано создавале интимни врски од 18 до 25 и тогаш одлучувале да имаат деца. Истражување кое е правено во 2022 покажува загрижувачки резултати кои велат дека: „Од ситежени на светот кои моментално се на 30 годишна возраст, 50.1% од нив се’уште немаат деца“.

Од психолошки профил, луѓето кои имаат деца подоцна во животот имаат повеќе средства и сигурност (главно финансиска) и притоа можат полесно да дозволат одредени комфорти на децата додека се мали. Имаат тенденција да ги чуваат децата безбедни од предизвици од кои можат да бидат повредени. Луѓето кои имаат деца порано во животот(пр. 18-25) ја немаат таа тенденција бидејќи тие самите се во кулминација или завршен дел од авантуристичкиот дел од животот, па би дозволиле своите деца да доживеат искуства кои можеби ќе ги направи посилни и дознаат повеќе за животот.

Примери од овој контраст гледаме и од двете страни на спектрумот, од оние кои имаат деца покасно и оние кои имаат деца порано во животот. Бидејќи сега се позастапени оние од првата страна на спектрумот многу често се појавува феноменот на „премногу заштитлив родител“.Златното правило е да не правите она што може вашето дете да го направи независно.

Ако вашето дете не ја напише домашната работа треба да седнете и да му помогнете во тоа, а не да ја напишете за него. Иако е дете и можеби сака да игра на компјутерот и го мрзи да ја напише, тоа е способно. Па и да го оставите да ја напише за 45 мин. тоа е подобро отколку вие да ја напишете за 5-6 мин. Всушност тоа е најдобриот начин да ја напише домашната. Ако вашето дете знае наутро да си одбере облека за на училиште и да ја облече, зошто вие да го направите тоа за него? Директно му ја крадете независноста, автономијата и колку подолго го правите тоа, толку повеќе ќе очекува од вас да ги правите овие работи за него.

Целта е детето да стане компетентна личност која може да се грижи за себе, па понатаму да може да се грижи за оние кои му се блиски, особено кога ќе стане родител. Ќе се постигне тоа ако му дозволите со малку мака да успее во било каков предизвик. Ќе интервенирате само по потреба ако треба да му дадете некоја насока како треба да го реши дадениот проблем.

Заклучок: Ако „премногу го сакате детето“, го повредувате. Треба за иднината да градиме личности кои ќе можат да се грижат прво за себе, а потоа за другите. Премногу заштитливиот родител создава личност која не сака да биде одговорна за ништо што се случува во нивниот живот. Реалниот опис за оваа личност е возрасно дете. Звучи многу грдо кога ќе ви кажам да ја замислите како 37 годишна личност која не одржува лична хигиена бидејќи „мама секогаш ми ги сечеше ноктите“ или истата личност која оди со раштимани врвци на патиките бидејќи „не сакав да ги врзувам патиките па тато секогаш го правеше тоа за мене“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ