strumica denes logo

Кривична пријава против правно и физичко лице од Струмица, со непријавување на ДДВ за 2025 година го оштетиле државниот буџет за скоро три милиони денари!

Автор:

Датум:

март 27, 2026

Автор:

Датум:

март 27, 2026

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против правно лице од Струмица во стечај и против М.М. (48) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 став 4 и став 2 од Кривичниот законик.

Според информациите, пријавеното правно лице и М.М., во својство на управител со неограничено овластување, со намера да избегнат плаќање на Данок на додадена вредност (ДДВ), постапиле спротивно на законските одредби.

Во поднесената даночна пријава за деловната 2025 година не бил пријавен излезен ДДВ по општа даночна стапка во износ од 2.792.438 денари, како и излезен ДДВ по повластена стапка од 5% во износ од 91.325 денари.

Дополнително, во текот на 2025 година, за приход по фактура од 101.716 денари не бил пресметан ДДВ во износ од 13.308 денари по општа стапка, а за приход од 97.552 денари не бил пресметан ДДВ од 4.873 денари по повластена стапка.

Со ваквите дејствија, пријавените се стекнале со противправна имотна корист и го оштетиле буџетот на државата за вкупно 2.909.944 денари.