Ковачевски: СДСМ ќе победи на претседателските избори и ќе ја формира идната европска Влада

октомври 12, 2023

СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада, рече вчера претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на традиционалниот пикник по повод 11 Октомври во Куманово.

-Ќе успееме заедно. Затоа што се работи за најважното, иднината на нашата убава татковина. Северна Македонија ќе биде европска држава. Блокадите ќе бидат поразени. Затоа што никој не сака неизвесност, изолација и економска стагнација.

Граѓаните сакаат економски напредок, повисоки плати, подобар живот во европска држава. Затоа ќе победиме! СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада. А потоа и градоначалник од редовите на СДСМ ќе биде домаќин на одбележувањето на 11 Октомври овде во Куманово, порача денеска Ковачевски вчера од Куманово.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ