Ковачевски: Отворени се преговорите со Европската Унија!

септември 15, 2022

Премиерот Димитар Ковачевски, по повод почетокот на скрининг процесот за членство на Македонија во Европската Унија, истакна дека после 17 години ЕУ денеска во Брисел го започна скрининг процесот за Македонија за членство во Европската Унија.

-Отворени се преговорите со Европската Унија! После 17 години чекање, денеска во Брисел се отвори скрининг процесот за Северна Македонија за членство во Европската Унија. Започнуваме процес во кој ќе се продлабочат суштинските реформи за имплементација на европските регулативи, за европеизација на општеството и за европско функционирање на државата. Денешниот ден е навистина голем и важен за иднината на сите граѓани во нашата земја, тие заслужуваат да живеат во стабилно, демократско и европско општество. Посакувам успешна работа, македонскиот тим е подготвен за предизвикот, нагласи премиерот Ковачевски.

Денеска почнува објаснувачкиот скрининг за Поглавје 5, Јавни набавки. Македонската делегација во Брисел ја преводи вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач Бојан Маричиќ. Од 15 -27 септември 2022 година ќе се одвиваат состаноци за областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата ќе го презентира новото законодавство за овие области.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: