strumica denes logo

КОСТАДИНОВ ВОЗВРАТИ НА РЕАКЦИЈАТА НА СДСМ-СТРУМИЦА: Кандидатот и Општинската организација на СДСМ да престанат да се занимаваат со мене!

Автор:

Датум:

август 19, 2025

Автор:

Датум:

август 19, 2025

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Почитувани,
Јас не сум противкандидат на овие избори и тоа јавно го кажав. Затоа би било добро Општинската организација на СДСМ и кандидатот да престанат да се занимаваат со мене.

Завршната сметка, како и секоја година, се гласа по завршувањето на фискалната година и е на увид и за советниците и за јавноста. Недозволиво е повеќе од една деценија претседател на Совет да не ја види завршната сметка и да дозволува панични и избрзани реакции. Но, на крај простено им е и ги разбирам.

До овој момент, кон ЈП „Паркиралишта Струмица“ се исплатени 114.999.645 денари, што е јасен показател за редовното подмирување на обврските на Општината кон претпријатието.