Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Денеска на советнички прашања повеќе од 3 часа одговарав на прашања на опозицијата.
Иако секаде во општините, во парламентот, предвреме се доставуваат прашањата, јас отворено се согласив да не ги знам предвремено, спремен на секакви aма буквално секакви прашања.
На крај заклучокот е дека дел од опозициските советници не беа запознаени со прашањата кои ги поставуваат, не беа упатени со дел од приликите во секојдневното функционирање, не беа доволно запознаени со аргументациите од сомнителни нивни внатрепартиски извори…
Тактиката “Плашам ти Манго децата” по струмички, беше денес брутално и жестоко поразена.
Немаме ние што да криеме ниту од нешто да се плашиме.
Сепак со доследна почит на секој советник од опозицијата, одговарав со огромно задоволство.
На тој начин ја јакнеме демократијата и капацитетите во нашата убава Струмица.