КОСТАДИНОВ: Струмичани мои, каде и да сте, нека ни е за многу години празникот!

декември 11, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмицa:

Честит празник Струмицо моја!

Струмичани мои, каде и да сте, нека ни е за многу години празникот!

Денеска е посебен ден, најголем празник за сите нас.

Ги чествуваме нашите заштитници и заштитниците на нашата Струмица – Светите 15 Тивериополски Свештеномаченици.

Првата денешна почит им ја оддадовме на утринската свечена Божествена литургија којшто се одржа во истоимениот храм, поклонувајќи им се на животот и делото кои се од непроценлива вредност за нашите духовни вредности и за нашата вера.

Меѓу верниците и гостите, за прв пат во историјата, на Литургијата беше и градоначалникот на Кукуш Димитрис Киријакидис, а во знак на развојот на добрите односи меѓу двете општини.

Честит и благословен да ни е празникот Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ