КОСТАДИНОВ: СТРУМИЦА ИМА КРЕДИТЕН КАПАЦИТЕТ И ФОКУСОТ ЌЕ ГО СТАВИМЕ НА ФОТОВОЛТАИЧНИ ЦЕНТРАЛИ КАКО ДОЛГОРОЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Струмица има кредитен капацитет и ќе го искористи за стратешки цели.

Фокусот го ставаме на фотоволтаичните централи, како долгорочно решение за енергетската криза со која се соочува и целиот свет.

Одговорно стојам зад оваа важна и храбра одлука за општина Струмица која одлично се вклопува во мојата визија за Струмица.

Оваа моја одлука им ја потврдив и на советниците, на денешната 17-та седница на Советот на општина Струмица.

Упатувам јавна и јасна порака до советниците кои се во дилема за поддршка, фотовалтичните централи се иднина кои гарантираат голема заштеда благодарение на капацитетите коишто ги имаме, а тоа ќе значи вложување во поголеми капитални инвестиции.

Струмица се сака со храбри и мудри одлуки за големи дела!

Автор:

Датум:

ноември 30, 2022