Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Струмица има кредитен капацитет и ќе го искористи за стратешки цели.
Фокусот го ставаме на фотоволтаичните централи, како долгорочно решение за енергетската криза со која се соочува и целиот свет.
Одговорно стојам зад оваа важна и храбра одлука за општина Струмица која одлично се вклопува во мојата визија за Струмица.
Оваа моја одлука им ја потврдив и на советниците, на денешната 17-та седница на Советот на општина Струмица.
Упатувам јавна и јасна порака до советниците кои се во дилема за поддршка, фотовалтичните централи се иднина кои гарантираат голема заштеда благодарение на капацитетите коишто ги имаме, а тоа ќе значи вложување во поголеми капитални инвестиции.
Струмица се сака со храбри и мудри одлуки за големи дела!