strumica denes logo

КОСТАДИНОВ СО НАРЕДБА ДО ДИРЕКТОРИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ДА СИ ГО ИСЧИСТАТ ПЛОШТАДОТ!

Автор:

Датум:

јуни 9, 2025

Автор:

Датум:

јуни 9, 2025

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, издаде јасна и недвосмислена наредба до директорите на основните училишта, наставниците и учениците: плоштадот во центарот на градот, кој по прославата на полуматурата беше оставен во хаотична состојба, мора да биде исчистен во рок од едно деноноќие.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Полуматурата не е повод за хаос, туку момент на покажување зрелост и почит кон државата и заедницата“, истакна Костадинов, нагласувајќи дека плоштадот не припаѓа на никого поединечно, туку е симбол на градот и како таков мора да се почитува.

Градоначалникот предупреди дека ова не е молба, туку наредба, и најави последици за сите кои нема да постапат согласно задолженијата.

„Ова е првиот тест за зрела генерација – или ќе го положат, или ќе учат поинаку“, порача Костадинов.

Од општината апелираат до сите учесници во прославите да покажат одговорност и грижа за јавниот простор, нагласувајќи дека „во Струмица владее ред – и така ќе остане“.