strumica denes logo

Костадинов размислува за целосно електричен јавен превоз кој ќе овозможи движење на граѓаните од населените места за помали цели и движење низ Струмица!

Автор:

Датум:

октомври 21, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 21, 2022

Категории:

Струмица

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Да се има визија за Струмица, значи да се размислува долгорочно, да се овозможуваат услови за подобар живот на граѓаните.

Во оваа криза сметам дека повеќе од потребно и е на Струмица јавен превоз, кој ќе биде еколошки и во согласност со долгорочната стратегија на ЕУ, европскиот зелен договор.

Мојата визија за Струмица е да бидеме првиот град во државата со целосно електричен јавен превоз, кој ќе овозможи движење на граѓаните од населените места за значително помали цени, движење низ градот, намалување на сообраќајниот метеж, решавање трајно на проблемот со дивите таксисти.

За таа цел веќе ги правиме потребните анализи, истражувања кои би помогнале во имплементацијата.

Оваа моја идеја ќе ја презентирам пред граѓаните преку форумот на заедниците, пред советот од кој ќе ја барам поддршката да сите заедно се запишеме во историјата на нашиот град.