КОСТАДИНОВ: Обезбедивме 40.000.000 денари за Вељуса, започнуваме комплетна реконструкција на училиштето „Гоце Делчев“

август 19, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Нов ден, нова капитална инвестиција!
Обезбедивме 40.000.000 денари за Вељуса.

На барање на жителите, со Министерството за образование и наука ја започнавме комплетната реконструкција на училиштето „Гоце Делчев“.

Со неа ќе бидат изведени градежни зафати на кровната конструкција, фасадата, санитарните јазли, внатрешниот дел, кои ќе обезбедат квалитетен простор за учениците, поголема енергетска ефикасност и противпожарна заштита на објектот, а ќе бидат изведени и пристапни рампи и посебен тоалет за лицата со попреченост.

И во криза знаеме да работиме, затоа што Струмица се сака со дела!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ