Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Нов ден, нова капитална инвестиција!
Обезбедивме 40.000.000 денари за Вељуса.
На барање на жителите, со Министерството за образование и наука ја започнавме комплетната реконструкција на училиштето „Гоце Делчев“.
Со неа ќе бидат изведени градежни зафати на кровната конструкција, фасадата, санитарните јазли, внатрешниот дел, кои ќе обезбедат квалитетен простор за учениците, поголема енергетска ефикасност и противпожарна заштита на објектот, а ќе бидат изведени и пристапни рампи и посебен тоалет за лицата со попреченост.
И во криза знаеме да работиме, затоа што Струмица се сака со дела!