Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,
По завршувањето на Рамазанскиот пост, време е да му се препуштите на радувањето и празнувањето на Вашиот голем верски празник Рамазан Бајрам.
Се надевам дека празничната радост и среќа, онака како што доликува, најпрвин ќе ја споделите со членовите на семејството, потоа со пријателите и сродните луѓе по вера, а на карајот и со сите останати сограѓани, оти суштината на нашето живеење е во заедништвото, разбирањето и споделувањето на вредностите.
Ви посакувам убави празнични денови исполнети со мир, љубов, милост, спокој, благосостојба, солидарност, верност кон Бога и уште многу причини за радост во вашите срца и души.
Нека ви е честит и вековит Рамазан Бајрам.
Bajram Šerif Mubarek Olsun.