Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
За прв пат некој да ги посети и да поразговара со македонските здруженија во Измир.
Тоа денеска го направивме заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и владината делегација, пратеничката Белкиса Зекири и моите колеги Медат Куртовски и Горан Стојановски.
Разговаравме со наши сограѓани кои потекнуваат или се родени во Македонија.
Честа е огромна да се слушне како луѓето зборуваат на македонски јазик.
Отвараме ново поглавје во односите со Турција, почнувајки прво да си ги почитуваме нашите луѓе.