КОСТА КОСТАДИНОВ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР ВО СТРУМИЦА!

октомври 2, 2021

КОСТА КОСТАДИНОВ, КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ:

Во рамки на изборната програма, избрана е конкретна локација за изградба на нов и модерен, зелен пазар во Струмица. Со овој проект нудиме и инфраструктурно поврзување на пазарот со градот преку изградба на модерно булеварско решение на потегот од булеварот “Климент Охридски“, кај автобуската станица, што преку ново изградениот мост на реката “Водочница“ ќе се спои со улицата во индустриската зона “Агроберза”.

Со изградбата на оваа нова целина ќе се овозможи подобрена функционалност и употреба на пазарот, заштита на животната средина, како и здравјето на населението во општина Струмица.

Проектот кој што го нудиме опфаќа комплетна изградба на нов зелен модерен пазар, со чија реализација ќе се креира простор кој што може функционално да ги задоволи потребите на сите граѓани, подеднакво.

Нашата програма третира инфраструктурни проекти со што, решаваме прашања поврзани со вашето секојдневие.
Од срце, за Струмица! ❤️

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ